Достапни линкови

Германија пред неизвесна политичка иднина


Политичката иднина на Меркел под прашалник?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:34 0:00

Политичката иднина на Меркел под прашалник?

Владејачката коалиција на германската канцеларка Ангела Меркел се соочи со неизвесна иднина, бидејќи нејзиниот тврдокорен конзервативен министер за внатрешни работи Хорст Зехофер понуди оставка поради несогласувањата околу мигрантската политика.

Зехофер им порача на колегите од неговата баварска конзервативна Христијанско социјална унија, ЦСУ дека сака да поднесе оставка како шеф на партијата и како министер за внатрешни работи, наведувајќи дека тој немал „поддршка“.

„Да, реков дека ќе ја изнесам мојата одлука и оти ќе ја спроведам оваа одлука ако не се најде решение во наредните три дена. Тоа е наш, тоа, исто така е мој чекор кон договор со ЦДУ“, рече тој.

Нејасноста од баварскиот логор ги покрена прашањата за иднината на владејачката коалиција со ЦДУ на Меркел.

Ако Зехофер се повлече ЦСУ би можела да понуди нов министер за внатрешни работи со цел да се остане во коалицијата.

Но, сето ова може да води до распад на децениското партнерство на двете партии лишувајќи ја Ангел Меркел од нејзиното мнозинство во парламентот и носење на Германија во неизвесни политички води.

За да преживее политички, Меркел би можела да се обиде да формира малцинска влада со Зелените или Слободните демократи или да организира гласање за доверба во парламентот што би можело да предизвика нови избори.

Во меѓувреме, ЦДУ вчера не ѝ понуди на својата баварска сестринска партија помирувачки гест во спорот околу тоа дали да се бараат европски решенија за намалување на бројот на мигранти или да се преземат унилатерални национални мерки.

Генералниот секретар на ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер, рече дека партиските лидери биле „обединети“ зад „ефикасни, хумани решенија заедно со европските партнери“.

По немилосрдниот притисок на Баварците врз Меркел, европските водачи во петокот се согласија со новите мерки за намалување на миграцијата во Унијата.

Меркел, која е на функција од 2005 година, во минатата недела предупреди дека прашањето за миграцијата би можело да одлучи за иднина на самата ЕУ.

Според некои извори, Зехофер ја отфрлил оценката на Меркел дека мерките на ЕУ ќе имаат ист ефект како и неговото барање за враќање на барателите на азил кои веќе се регистрирани во другите земји на Унијата.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG