Достапни линкови

Германија на чекор поблиску до нова влада


Социјалдемократите се за преговори за нова германска влада
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00

Социјалдемократите се за преговори за нова германска влада

Германските социјалдемократи гласаа за започнување формални коалициски разговори со конзервативците на канцеларката Ангела Меркел. Со тоа најголемата економската сила на Европа е на чекор поблиску до стабилна влада по неколкумесечни политички ќор-сокак.

Германските Социјалдемократи, или СПД, гласаа да започнат разговори за формална коалиција со конзервативците на канцеларката Ангела Меркел.

Одлуката значи дека земјата, која е најголема економска сила во Европа, може да се приближи чекор кон формирање влада.

Околу 600 делегати се собраа да дебатираат дали да го обноват сојуз со конзервативците на Меркел.

За одлуката гласаа 362 делегати додека 279 беа против.

Беше оджано и пребројување откако резултатот во првичното гласање со кревање раце беше премногу тесен.

Непосредно пред гласањето, лидерот на СПД, Мартин Шулц, одржа страстен говор во поддршка на коалициските преговори, велејќи им на делегатите дека нивната одлука се следи во Германија и Европа.

„Верувајте не го прифатиме тоа лесно, ниту вие, ниту јас. Но, за следењето на молбата на шефот на државата да се најде излез од оваа тешка политичка ситуација не постоеше ни момент сомневање во мене. Социјалдемократијата е мое политичко уверување и тоа мора да не извади од оваа посеба ситуација. Тоа може да се постигне за подобарување на животот на луѓето и во Германија и во Европа“.

Канцеларката Меркел, поздравувајќи ја одлуката на социјалдемократите изјави:

„По интензивните и прилично контроверзни дискусии, беше даден позитивен резултат, и со тоа патот е слободен за преговори за коалиција“.

Коалиционите разговори се очекува да започнат оваа недела. Шулц оцени тие ќе бидат многу тешки.

И покрај ваквиот исход, Шулц се соочува со силна реакција од левото крило и младите во партијата.

Некои тврдат дека партијата треба да биде во опозиција со цел повторно да го врати својот идентитет откако на парламенатрните избори во септември лани го постигна својот најлош резултат од 1949 година.

Како и да е резултатите од гласањето, со олеснување се примени во Европа каде што Германија и канцеларката Меркел играат водечка улога во нејзините економски и безбедносни прашања.

Некои аналитичари сметаат дека најновиот потег на социјалдемократите ќе го охрабри нивниот лидер Шулц да притисне на поголеми отстапки во политиките на Меркел за работните односи, здравството и миграцијата.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG