Достапни линкови

Каменос: За името не преговараме!


За името не преговараме, ние имаме јасен мандат од народот и ако дојде време и кога ќе дојде време ќе се повлечеме од Владата, изјавил претседателот на Независни Грци, Панос Каменос, говорејќи на состанокот на националниот совет на партијата.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, актуелниот министер за одбрана на Грција, рекол дека неговата партија Независни Грци се „неопходното добро“ во коалиционата влада, но и го повторил ставот на партијата дека „не го отстапуваат името Македонија на никој и од никоја причина“.

“За нас прашањето со името е тема за која не се преговара. И на крајот на краиштата, грчкиот народ нѐ гласаше за „неопходно добро“. Ние, кога ќе дојде време и ако дојде време, овој мандат од народот ќе го извршиме со најголемото средство што го имаме- наше повлекување од владата,” изјавил Каменос. Коалицискиот партнер во грчката Влада, со ова, ја остави отворена можноста кога Договорот од Преспа ќе дојде за ратификација во парламентот, Независни Грци да се повлечат од Владата.

XS
SM
MD
LG