Достапни линкови

Австрија го презема шестмесечното претседавање со ЕУ


Австриската амабасадорка во Македонија Ренате Коблер пред членовите на собраниската Комисија за европски прашања утре ќе ги презентира програмата и приоритетите за работата на Австриското претседателството со Советот на Европската Унија, кое започнува денеска и ќе трае до декември 2018 година.

Австрија сака да го задржи фокусот на бугарското претседателство кон земјите од Западен Балкан. Република Македонија од Европскиот совет деновиве доби прецизна временска рамка за почеток на преговорите - јуни 2019 година - за полноправно членство во Европската унија, а во средината на јули со посетата на еврокомесарот Јоханес Хан и официјално ќе започне скринингот на македонските институции.

Шестмесечното претседавање на Австрија со ЕУ се случува во чувствителен момент имајќи го предвид очекуваното завршување на договорот за Брегзит и Буџетот на Унијата. Австрија трет пат ќе претседава во Унијата. Првиот пат тоа беше во 1998, а потоа и во 2006 година.

XS
SM
MD
LG