Достапни линкови

Арифи: Косово нема да даде ниту еден метар своја земја на Србија


Шефот на преговарачкиот тим на Косово во дијалогот меѓу Приштина и Белград, Авни Арифи, порача дека суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово не можат да се повредат од никого и во никој случај, јавува дописникот на МИА од Приштина.

“Ниту метар косовска земја за ниедна цена. Непријатно е замрзнувањето на конфликтот. Непријатни се несигурноста и постоечката ситуација. Но, ништо нема да предизвика губење на ниту метар од Косово. Суверенитетот и територијата на Косово се неповредливи од никого по никоја цена. Ниту сега ниту било кога,” напиша Арифи нa Фејсбук.

Реакцијата на Арифи уследи по изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека „макар и еден метар од Косово“ да се врати на Србија, ќе го смета за успешен резултат на преговорите со Приштина.

XS
SM
MD
LG