Достапни линкови

На ГП „Богородица" се чека 50 минути, на „Дојран“ половина час


На граничните премини Богородица и Дојран има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање е до 50, односно 30 минути.

Од дежурната служба на ГП Богородица велат дека од македонска страна граничниот премин работи со полн капацитет и оти се пуштени сите шест ленти, но оти застојот е од грчка страна и засега не се познати причините. Поради тоа побавно се пропуштаат возилата и се чека 45 до 50 минути, велат од дежурната служба и додаваат дека очекуваат со таквиот проток на сообраќај за половина час двете граници да бидат споени со возила. На останатите гранични премини, нема подолги задржувања за влез и за излез од државава.

XS
SM
MD
LG