Достапни линкови

Хамнеи: САД сакаат да ги свртат Иранците против својата Влада


Иранскиот врховен верски лидер Али Хамнеи изјави денеска дека целта на економскиот притисок врз Иран од страна на САД е да се свртат Иранците против својата Влада.

“Тие вршат економски притисок за да го раздвојат народот од системот”, истакна Хамнеи.

Тој нагласи дека шест американски претседатели пред Доналд Трамп се обиделе да го направат тоа, но не успеале и се откажале. Според западните медиуми, најверојатно повторно ќе бидат воведени американски санкции против Иран.

XS
SM
MD
LG