Достапни линкови

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од ЕУ и НАТО


Опозицијата го поддржува евроатлантскиот пат на Република Македонија. Од самото нејзино формирање како политичка субјект ВМРО-ДПМНЕ е на таа траекторија и нема отстапување од таа траекторија, изјави денеска лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски, но додаде дека нема да застане рамо до рамо со, како што рече оние, кои потпишаа капитулација.

“Ќе го повторам нашиот став дека опозицијата цврсто чекори кон патот на евроатлантските интеграции на Република Македонија, но доколку некој очекува од опозицијата да застане рамо до рамо со овие кои што ја потпишаа оваа капитулација, тогаш во најмала рака е премногу претенциозно да се очекува такво нешто од страна на опозицијата”, рече Мицкоски.

Тој му одговори на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, кој денеска побара од опозицијата да каже на која страна е во овие историски моменти. Мицкоски рече дека на опозицијата и е јасно оти евроатлантска иднина за Република Македонија нема бидејќи реформите по ниту еден основ не се почнати веќе 13 месеци.

XS
SM
MD
LG