Достапни линкови

Германија се договори со 14 земји за враќање на мигрантите


Германската канцеларка Ангела Меркел обезбеди договори со 14 земји за брзо враќање на мигрантите кои се обидуваат да влезат во Германија, се наведува во документот во кој имала увид агенцијата ДПА. Меркел ги објавила договорите во писмо на осум страници испратено до партиските лидери на нејзините два коалициски партнера. Барателите на азил кои пристигнуваат во Германија и кои се прво регистрирани во други земји од ЕУ, ќе бидат префрлени во поголеми прифатни центри, каде ќе се разгледуваат нивните апликации, наведува Меркел во документот. Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер и даде рок на канцеларката Меркел до следниот месец да најде начин за спречување на приливот на мигранти во Германија, во спротивно таа ќе се соочи со распаѓање на коалициската Влада.

XS
SM
MD
LG