Достапни линкови

Откриени планови за терористички напади на Косово


Четворицата Косовци, кои беа уапсени вчера, тројца во Косово и еден во Германија, планирале терористички акции во Косово, но и во други земји, а нивните планови биле окриени по неколкумесечна истрага, која вклучувала и прислушување на нивните телефонски разговори, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Весникот „Коха Диторе“ во денешното издание открива дека, според налогот за притвор на приштинскиот Основен суд, прекарите на двајца од осомничените за тероризам се „Хабиб“ и „Енес“, додека нивните вистински имиња се Расим Кастрати, кој е од Призрен, и Алберт Адемај од Скендерај (Србица).

XS
SM
MD
LG