Достапни линкови

Австрија утре го презема шестмесечното претседавање со ЕУ


Австрија од утре го презема шестмесечното претседавање со ЕУ во чувствителен момент, посебно поради очекуваното завршување на договорот за Брегзит и буџетот на Унијата. Третпат, по 1998 и 2006 година, Австрија ќе претседава со ЕУ, овојпат под мотото „Европа која штити“, чии главни приоритети ќе бидат миграциите и прашањата за безбедноста и конкурентноста на ЕУ, но и натамошното приближување на земјите од Западен Балкан кон Унијата. Австрија, која подолг период се ангажира околу регионот на Западен Балкан, сака да го задржи фокусот, кој Бугарија го насочи кон овој регион за време на своето претседавање. Освен тоа, една од целите на официјална Виена е и подобрување на односите на ЕУ со земји како што се Русија и Израел.

За Австрија голем предизвик ќе биде постигнување договор за буџетот на ЕУ за периодот 2021/2027 година, бидејќи Виена бара да не се зголемуваат уплатите за државите кои се нето-уплатувачи, како што е Австрија и тоа поради излезот на Велика Британија од европското семејство.

XS
SM
MD
LG