Достапни линкови

Северна Кореја го зголемила производството на нуклеарно гориво


Американските разузнавачки агенции веруваат дека Северна Кореја во претходните месеци го зголемила производството на гориво за нуклеарно оружје на повеќе тајни локации и настојува тоа да го сокрие, додека истовремено бара отстапки во нуклеарните преговори со САД, објави телевизиската мрежа Ен-Би-Си Њуз. Американската телевизија се повикува на изјави од петмина неименувани американски високи претставници, кои тврдат дека Пјонгјанг го интензивирал производството на збогатен ураниум за нуклеарно оружје. Во извештајот се наведува дека разузнавачките проценки заклучуваат оти Северна Кореја има повеќе од една тајна нуклеарна локација, покрај веќе познатата постројка за производство на нуклеарно гориво во Јонгбјон.

“Апсолутно постои доказ дека се обидуваат да ги измамат САД”, истакнал еден од американските претставници за Ен-Би-Си. ЦИА не сака да ги коментира овие наводи, а Стејт департментот соопшти дека не може да потврди ниту да коментира разузнавачки прашања. Белата куќа, исто така, не одговори со никаков коментар.

XS
SM
MD
LG