Достапни линкови

Крај на едностраното примирје на авганистанските сили со Талибанците


Авганистанскиот претседател Ашраф Гани најави официјален крај на едностраниот прекин на огнот на владините сили со Талибанците, ноја повика милитантната група да се вклучи во мировните преговори.

Одлуката на Гани дојде откако тој им нареди на авганистанските сили да ги сопрат операциите против Талибанците 10 дена по краткото примирје за одбележување на крајот на светиот месец Рамазан претходно овој месец.

"Прекинувањето на огнот е завршено. На авганистанските безбедносни и одбранбени сили им е дозволено да ги рестартираат своите воени операции. Сега е одлуката на Талибанците, дали сакаат да продолжат да убиваат или да се приклучат на мировниот процес", изјави Гани.

За време на прекинот на огнот помеѓу двете страни на 15 и 17 јуни, видеата и фотографиите објавени на веб-сајтови за вести и социјалните медиуми покажаа дека војниците и Талибанците се поздравуваат и се гушкаат еден со друг во неколку провинции. Додека авганистанската влада го продолжи прекинот на огнот, Талибанците го прекинаа своето тридневно примирје на 17-ти јуни.

XS
SM
MD
LG