Достапни линкови

Заев: На крајот на јули ЕУ го почнува скрининг процесот во Македонија


Архива: Македонскиот премиер Зоран Заев.

Со утврдениот датум од Европската унија, кон крајот на јули почнува скриниг процесот, а во јуни идната година очекувам отворање на поглавја, изјави премиерот Зоран Заев во интервју од Брисел за МРТВ. Заев исто така најави дека референдумот за договорот со Грција најверојатно ќе се одржи кон крајот на септември.

„Со утврдениот датум расчистивме, нема никакви дилеми. Почнува скрининг - процесот, најавивме втора половина на јули. Кабинетите го договараат, најверојатно ќе биде околу 17 или 20 јули. Веднаш штом ќе се вратиме во Скопје ќе продолжи процесот на скринингот, за да ги договориме сите фази и се надевам дека во јуни 2019 да почнеме да отвораме поглавја“, изјави Заев.

XS
SM
MD
LG