Достапни линкови

Стејт департмент: Грција заостанува во борбата против трговијата со луѓе


Стејт департментот, Вашингтон.

Грција заостанува во борбата против трговијата со луѓе, но прави зајакнати напори да ги исполни минималните стандарди за елиминација на оваа појава, се вели во најновиот извештај на Стејт департментот за трговијата со луѓе во 2018 година.

Грција покажала зголемени напори во текот на претходниот период преку воспоставување формални процедури, истраги и осудувања на трговци со луѓе, се вели во извештајот.

„Грчката Влада не ги исполни минималните стандарди во неколку клучни области, вклучувајќи проактивни напори за идентификација, особено за принудна работна сила и децата без придружба“, се наведува во извештајот.

XS
SM
MD
LG