Достапни линкови

Џафери: Постои исто решение за Договорот со Грција и за законот за јазици


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска изјави дека „ако и по втор пат претседателот на државата Ѓорѓе Иванов не го потпише указот за Договорот со Грција и тоа помине во пракса, ќе се употреби исто решение и за тој договор, но и за Законот за употреба на јазиците, а едно од тие решенија е тие да бидат испратени во Службен весник без потпис на претседателот“.

Џафери, сепак, како што рече, остава простор Иванов да се премисли и да го потпише Договорот, во овој, како што наведе, историски момент за државата. Претседателот на Собранието најави дека повторното гласање на Договорот со грција во Собранието ќе биде на 5 или на 6 јули.

XS
SM
MD
LG