Достапни линкови

Заканата за бомба на московскиот аеродром Домодедово била лажна


Илустрација

Човекот лажно се заканувал дека има бомба, нема никаква закана на аеродромот Домодедово во Москва, соопштија аеродромските власти, откако безбедносните служби го провериле човекот кој тврдел дека има експлозивна направа, јавија новинските агенции.

Човекот, чиј идентитет не е откриен, при поминување на безбедносната контрола рекол дека има бомба, по што веднаш бил евакуиран дел од московскиот аеродром.

Аеродромската управа соопшти дека по деталната проверка, аеродромот продолжил да работи нормално.

XS
SM
MD
LG