Достапни линкови

Над 120.000 бегалци од југозападна Сирија од почетокот на владината офанзива


Сирискиот центар за човечки права со седиште во Лондон соопшти дека над 120.000 луѓе побегнале од југозападна Сирија од почетокот на офанзивата на владините сили.

Според центарот, неколку десетици илјади луѓе се наоѓаат на границата на Сирија со Jордан, додека илјадници побегнале кон Голанската висорамнина. Директорот на Центарот, Рами Абдулраман изјави дека најголем број цивили го напуштиле источниот дел на провинцијата Дера.

XS
SM
MD
LG