Достапни линкови

Кремљ: Македонија има право да влезе во НАТО, но не сакаме Алијансата да ни се приближи


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека приклучувањето на Македонија во НАТО е суверено право на земјата, дека Москва негува добри односи со Скопје, но дека се противи на приближувањето на Алијансата до границите на Русија.

„Тоа е суверена одлука на самата Македонија. Ние ги цениме и одржуваме добри односи со Македонија. Се разбира, заинтересирани сме за развој на билатералната соработка. Но, што се однесува на приближавањато на НАТО и неговата инфраструктуре кон нашите граници, познат е ставот на Москва за тој процес - и во тој поглед ништо не е променето“, одговори Песков на новнарско прашање за ставот Кремљ за приклучувањето на Македонија во НАТО.

XS
SM
MD
LG