Достапни линкови

Кривични пријави за Харадинај и косовските министри кои си ги покачија платите


Пратеничката на опозициското Движење Самоопределување, Албулена Хаџиу, поднела кривична пријава за косовскиот премиер Рамуш Харадинај и 17 други функционери, вицепремиери и министри, кои учествувале во донесувањето на одлуката за зголемување на сопствените плати.

Според Самоопределување, зголемувањето на платите за владините функционери е не само неприфатливо, туку и спротивно на Законот за плати.

Пратеничката Хаџиу ја најави можноста од подигање кривични пријави и за судиите на Уставниот суд на Косово кои оценија дека во одлуката на Владата за платите нема ништо незаконско.

XS
SM
MD
LG