Достапни линкови

ЗНМ: ВМРО-ДПМНЕ ги блокира медиумските реформи


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) на денешната прес-конференција ја обвинија опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека „преку фиктивна амандманска расправа во собраниската Комисија за транспорт и врски го блокира донесувањето на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кој е клучен за почнување на медиумските реформи во земјата и со кој треба да биде подобрен квалитетот на новинарството“.

Како што рече претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, предложениот закон доби широка поддршка од новинарската заедница и помина меѓународна експертиза од ОБСЕ и Советот на ЕУ.

Пред неколку дена и Владата ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека го кочи донесувањето на законот за медиуми, а со тоа „ги кочи и медиумските реформи во Македонија“.

XS
SM
MD
LG