Достапни линкови

Со докази за „Сончев град“ продолжи судењето на ексминистерот Јанакиески


Со презентација на материјални докази поврзани со комплексот „Сончев град“ денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за „Топлик“.

Одбраната на обвинетиот, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, реагираше на начинот на презентирање на документите и побара нивно целосно прикажување и поврзување со конкретните дела од обвинението. За овој предмет на претходното рочиште СЈО достави 608 материјални докази.

Според обвинението, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.

XS
SM
MD
LG