Достапни линкови

Забранет пристап до режисерот Сентсов во рускиот затвор


Украински активисти бараат ослободување од затвор на режисерот Олег Сентсов. 2 јуни.2018.

Украинскиот омбудсман Људмила Денисова изјави дека не и е дозволено да се сретне со украинскиот режисер Олех Сентсов, кој отслужува долга казна затвор во Русија. Денисова напиша на Фејсбук дека летала во рускиот далечен северен регион Јамало-ненце, со својата руска колешка, Татјана Москалкова, во авионот, но Москалкова подоцна се префрлила на посебен лет за да стигне до селото Лабињанги, каде што Сентсов ја отслужува затворската казна.

Неколку часа подоцна, Денисова напишала дека не ѝ е дозволено да влезе во затворот , но на Москалкова и нејзините соработници им било дозволено пристап во делот за затвореници. "Москалакова помина покрај мене , иако таа јасно ме виде, рече Денисова. Во меѓуврем Москалова по посетата на која таа разговараше со Сентсов околу еден час, порача дека неговата здравствена состојба е" задоволителна ".

Денисова подоцна изјави дека нема" доверба " во она што го вели Москалкова.

XS
SM
MD
LG