Достапни линкови

Заев - Хан: Претстојат 365 дена за интензивна работа на успешни и брзи преговори


Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и премиерот Зоран Заев

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска во Брисел се сретна со комесарот за соседска политика на ЕУ и преговори за проширување Јоханес Хан, со што, како што соопшти владината прес-служба, практично започна подготовката за скенирање на состојбата на поглавјата што се нотирани заедно со датумот за преговори.

На средбата со Хан премиерот Заев беше придружуван од министрите зџа одбрана Радмила Шекеринска, за евроинтеграции Бујар Османи и за надворешни работи Никола Димитров.

На работната средба, како што се посочува во соопштението, беше разговарано и за предвидената серија чекори што претстојат во спроведувањето на договорот со Република Грција, но и за главните насоки за засилување на реформите во поглавјата што први ќе бидат отворени во јуни, идната година – владеењето на правото и правосудството и фундаменталните права.

" Двете делегации изразија уверување дека и понатаму останува искрениот и партнерски однос на Европската Комисија, и се договорија дека следува заеднички предлог за преговарачка рамка која реално ќе ги претстави состојбите во Република Македонија, и од која ќе произлезат насоките со најважните приоритети за реформите во наредниот период", се наведува во соопштението.

XS
SM
MD
LG