Достапни линкови

Средбата на Путин и Трамп во Хелсинки на 16 ти јули


Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин

Првиот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин ќе се одржи на 16 ти јули во главниот град на Финска, Хелсинки, соопштија Кремљ и Белата куќа. Двајцата лидери ќе разговараат за односите меѓу САД и Русија и низа национални безбедносни прашања ", се вели во соопштението на Белата куќа. Кремаљ објави дека Путин и Трамп ќе разговараат за односите на САД и Русија, како и за меѓународните прашања.

Трамп пред новинарите во Вашингтон вчера изјави дека средбата најверојатно ќе се случи по самитот на лидерите на НАТО од 11 до 12 јули. Тој рече дека на нивниот прв состанок со Путин ќе разговараат за Украина, Сирија и "многу други теми".

XS
SM
MD
LG