Достапни линкови

Во Белград уапсена мигрантка-проститутка под сомнение дека со ХИВ заразила неколку клиенти


Мигрантка од Јордан била уапсена денеска во Белград под сомнение дека заразила со ХИВ неколку лица, пишува весникот „Блиц“.

Полицајци ја нашла 38-годишната мигрантка Фатима, како е именувана во српските медиуми, на улица во Белград и кога се обиделе да и напишат казна за проституција, таа немала пари за да плати и била приведена.

Фатима била барана од полицијата откако било откриено дека во последните десетина дена нудела сексуални услуги за пари во Белград. Се верува дека мигрантката е заразена со ХИВ, а во последниве денови изложила на опасност неколку лица.

XS
SM
MD
LG