Достапни линкови

Ќе има мало намалување на цената на струјата, ЕВН барала покачување


Регулаторната комисија за енергетика најави минимално намалување на струјата, а за колку ќе се намали ќе се знае утре за кога е закажана подготвителната седница за цената, по што е најавена и прес-конференција за подетални информации.

Како што информираа денеска од РКЕ, компанијата ЕВН побарала зголемување на цената на струјата за девет проценти, ЕЛЕМ побарале намалување за 1,5 проценти, а МЕПСО не побарале ниту зголемување, ниту намалување.

Новото раководство на РКЕ најавува и преоценување на мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија со цел да се намалат трошоците на потрошувачите за приклучување. Домаќинствата во општините каде има донесено детални урбанистички планови вообичаено плаќаат околу 500 евра за приклучок, а во општините каде нема детални урбанистички планови цената за приклучокот е далеку повисока.

XS
SM
MD
LG