Достапни линкови

Продолжуваат масовните апсења на ѓуленисти во Турција


Турското обвинителство издаде налози за апсење на 57 офицери од вооружените сили во истрага насочена против организацијата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, која во Турција се смета за терористичка.

Истрагата ја спроведува обвинителството во округот Батмен, но активности се преземени во вкупно 28 окрузи на Турција.

Наредби за апсење се издадени за воен персонал од активниот состав на армијата. Од осомничените, 21 се офицери на жандармеријата, 30 од воздухопловните сили и шест од копнените сили.

Засега не се знае колкумина се притворени. Акцијата за апење продолжува, информираат локалните медиуми.

XS
SM
MD
LG