Достапни линкови

Пендаровски: Утре ја очекуваме најавата за покана за влез во НАТО


Од седиштето на НАТО во Брисел утре очекуваме официјална најава дека на Македонија ќе ѝ биде доделена официјална покана на следниот Самит на Алијансата во Брисел на 11 и 12 јули, изјави денеска Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски на 98. РОС-РОТ Семинар што се одржува во македонското Собрание.

„Генералниот секретар Јенс Столтенберг ќе го објави тоа што македонските граѓани го чекаат со години. Тоа ќе биде завршна етапа од нашето асоцирање во Алијансата, имајќи предвид дека Република Македонија е неславен рекорден со 19 кругови од акциониот план за членство во НАТО“, рече Пендаровски.

Во меѓувреме, како што кажа тој, Македонија покажа завидно ниво на отпорност, жилавост, со оглед дека двапати се наоѓала на работ.

XS
SM
MD
LG