Достапни линкови

Тајмс: Лондон стравува дека Трамп може да го поткопа НАТО


Велика Британија стравува дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го поткопа НАТО, со тоа што ќе се вклучи во „мирен договор” со рускиот претседател Владимир Путин, на нивната претстојна средба во јули, објави Тајмс.

Според весникот, „министрите од британската влада се загрижени, бидејќи Путин би можел да го убеди Трамп да ги намали воените обврски на САД во Европа, изложувајќи ја на ризик одбраната на државите од НАТО против руска агресија“.

„Тие стравуваат дека Трамп може да му даде на Путин пропагандна победа, ако откаже или промени планирани воен вежби на НАТО“, пишува Тајмс.

XS
SM
MD
LG