Достапни линкови

Постигнат договор за средба на Трамп и Путин


Москва-советникот на Доналд Трамп за национална безбедност Џон Болтон се сретна со рускиот претседател Владимир Путин,27.06.2018

Русија и Соединетите Американски Држави се согласни за датумот и местото на кое ќе се одржи состанокот на претседателите на двете земји Владимир Путин и Доналд Трамп, рече денеска Јуриј Ушаков, советникот за надворешна политика на Путин. Тој ова го кажа по денешната средба во Кремљ на рускиот претседател и советникот на Трамп за национална безбедност Џон Болтон. Ушаков додаде дека местото и времето ќе бидат објавени утре. Состанокот ќе се одржи во трета земја која е прифатлива за двете страни, рече тој, нагласувајќи дека ќе требаат уште неколку недели за подготовка.

XS
SM
MD
LG