Достапни линкови

Јанакакис: Грција ве поддржува во ЕУ и НАТО, сега зависи од земјите членки


Скопје- Семинар Рос-Рот во македонското Собрание

Грчкиот амбасадор во Македонија Димитрис Јанакакис денеска изјави дека Грција ја поддржува нашата земја во ЕУ и НАТО врз основа на договорот од Преспа, но, според него, сега се е во рацете на земјите членки.

"Сега е во рацете на сите други земји-членки на НАТО и на ЕУ да ги поддржат аспирациите на оваа земја во иднина", истакна Јанакакис, кој зборуваше на 98. Рос-Рот семинар во Собранието на Република Македонија.

Јанакакис зборуваше за Договорот за решавање на спорот за името посочувајќи дека станува збор за историски договор „што ќе ги стави односите меѓу двете земји на ново тло“.

"Одговорот на референдумот доколку оваа земја реши да одржи референдум, а по усвојувањето на уставните амандмани коишто се предвидени со овој договор ќе овозможи Грција да ратификува пристапен протокол кон Република Северна Македонија заедно со Договорот од Преспа. Ова значи дека во тој момент Договорот целосно ќе влезе на сила", рече Јанакакис.

Во однос на НАТО, грчкиот амбасадор рече дека Грција има навистина голем интерес да ја зајакне безбедноста во ЈИЕ, но и поширокиот регион.

XS
SM
MD
LG