Достапни линкови

ЕУ да се надева на најдобар договор со САД, а да се спрема за најлошиот, изјави Туск


Европската унија може да се надева на најдобриот договор со САД, но треба да се подготви за најлошото, изјави денеска претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, во пресрет на претстојниот дводневен состанок на шефовите на држави или влади на ЕУ.

„И покрај нашите неуморни напори за зачувување на единството на Западот, трансатлантските односи се поставени пред голем испит поради политиките на американскиот претседател Доналд Трамп. За жал, поделбата не е само за трговските прашања. Дозволете ни да се надеваме на најдоброто, но мора да се подготвиме за најлошото“, се вели во писмото од Туск до неговите колеги во Европскиот совет.

Туск додава дека разговорите за миграција се вжештуваат и дека поради тоа би можеле да бидат доминантна тема на претстојниот состанок. Тој предлага на состанокот „да се разговара за изградба на миграциски кампови надвор од ЕУ, под надзор на ОН“.

XS
SM
MD
LG