Достапни линкови

Норвешка поддршка за влез на Македонија во НАТО


Радмила Шекеринска и Франк Баке-Јенсен

Министрите за одбрана на Македонија и на Норвешка, Радмила Шекеринска и Франк Баке-Јенсен, по денешната средба во Осло, изјавиле дека Норвешка силно го поддржува членството на Македонија во НАТО, а потврда за недвосмислената поддршка е и одлуката со која норвешката влада ја поддржа поканата за Македонија за членство во НАТО.

Како што соопшти македонското Министерство за одбрана, на средбата министрите заклучиле дека „донесените храбри одлуки ѝ го отвораат патот на Македонија да ја добие долгогочекуваната и заслужена покана за членство во Алијансата“.

XS
SM
MD
LG