Достапни линкови

Болтон во Москва договара средба Трамп - Путин?


Џон Болтон, советникот на американскиот претседател Доналд Трамп за национална безбедност, денеска во Москва ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин и со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

„Се очекува фокус во разговорите да бидат односите меѓу САД и Русија“, изјави портаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков не коментираше дали ќе има средба на Путин со Трамп во Хелсинки, но неофицијалните информации се дека Болтон во Москва ќе договара и средба на американскиот и рускиот претседател, објавија западните новински агенции.

XS
SM
MD
LG