Достапни линкови

Ројтерс: Хуморот на Макрон пак наиде на тишина


Емануел Макрон

Вчерашната шега на францускиот претседател Емануел Макрон, за време на посетата на папата Франциск во Ватикан, не го насмеа поглаварот на Римокатоличката црква, со што смисолот за хумор на францускиот претседател повторно наиде на тишина, објави новинската агенција „Ројтерс“.

Францускиот лидер се пошегува кога го претстави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дриан, кој потекнува од регионот Бретања.

„Тој е бретонец. Бретонците се насекаде. Бретонците се француската мафија“, рекол Макрон пред папата.

XS
SM
MD
LG