Достапни линкови

Ерменија со новата власт тргна против корупцијата


Оружје, скапи автомобили и тигар ја потресоа Ерменија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:37 0:00

Оружје, скапи автомобили и тигар ја потресоа Ерменија

Тигар во дворот, ракетни лансери и стари автомобили во подрумот. Сето ова беше најдено во рацијата во домот на еден поранешен ерменски генерал кој е обвинет за корупција.

Ерменската национална безбедносна служба во комплексот на еден поранешен генерал уапсен за проневера и нелегално поседување оружје пронајде обемен арсенал во подрумот и стара колекција на автомобили.

Соопштено е исто така, дека се најдени пакети наменети за ерменски војници вклучени во судирите со азербејџанските сили во 2016 година.

Храната испратена до војниците од десетици градинки, училишта и општини, вклучувала кондензирано млеко, тестенини, доматно пире, конзервирано месо и зеленчук. Таму дури биле складирани и хигиенски предмети и тоалетна хартија.

Наставниците и децата изразија шок откако видеото беше прикажано на националната телевизија.

„Го гледав видеото и го забележав моето писмо таму. И ги забележав писмата на моите соученици. Сфатив дека тие писма не стигнале до луѓето на кои им се упатени и бев разочарана“.

Обвинетиот поранешен генерал Манвел Григоријан е истакнат ветеран од конфликтот во Нагорно Карабах меѓу Ерменија и Азербејџан во раните 1990-ти.

Тој некогаш беше заменик министер за одбрана и пратеник во парламентот од Републиканската партија.

Партијата ја загуби контролата над власта во минатиот месец, по неколку неделните масовни улични протести.

Лидерот на овие протести, Никол Пашинијан, сега е премиер на Ерменија.

„Нема да има компромис со корупцијата. Ние прогласивме дека ќе ја искорениме корупцијата од Република Ерменија. Никој не смее да се сомнева дека ние ќе ја постигнеме оваа цел со најрешителни и најефикасни чекори“, рече тој.

Ерменскиот парламент веќе гласаше да му биде одземен пратеничкиот имунитет на Григоријан.

Пратениците на републиканската партија се согласуваат, а нивниот лидер Вахрам Багдасаријан изјави:

„Имајќи ја предвид пресумпцијата на невиност, републиканската парламентарна група не треба да ја попречува прелиминарната истрага. Треба да се согласи да поведе кривично дело и да го отстрани неговиот имунитет“, рече тој.

Григоријан инсистира дека е невин, но, многу партиски колеги се дистанцираа од него откако беа објавени снимките од неговиот дом. Тие, по сè изгледа, се моќно оружје во кампањата на новата влада против корупцијата во Ерменија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG