Достапни линкови

Продолжуваат антивладините протести во Ерменија


Судири на протестите во Ерменија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:48 0:00

Судири на протестите во Ерменија

Протестите на илјадници Ерменци продолжија синоќа во Ереван и покрај претходните обиди на полицијата да ги растури. Демонстрантите бараат новоназначениот премиер Серж Саркијан да се повлече. Полицијата во Ерменија во неделата уапси тројца лидери на опозицијата и речиси 200 демонстранти. Тоа предизвика критики од Европската унија.

Десетици илјади ерменски антивладини демонстранти не го послушаа полициското предупредување и синоќа се собраа на централниот плоштад во главниот град Ереван, откако полицијата го уапси лидерот на опозицијата Никол Пашинијан.

Тој беше притворен кратко време по неуспешните разговори меѓу него и премиерот Серж Саркисијан. Претходно ерменскиот премиер Саркисијан за телевизијата А1 плус изјави:

„Ова не е дијалог, не се разговори, туку едноставно ултиматум и уцена на законската власт. Вие не го разбирате обемот на одговорност, не ја научивте лекцијата од 1 март 2008. Ако продолжите да зборувате на ваков начин, можам само да ви дадам совет да се вратите во правната област и во рамките на логичките активности. Инаку, целата одговорност ќе лежи врз вашите рамења, изберете“.

Пашнијан пак изјави дека нема да подлегне на ултиматумите на власта:

„Никој не се осмелува да ни зборува на јазикот на закани, не ја знаете ситуацијата во земјата и не е тоа што беше пред 10 до 15 дена. Ситуацијата е променета, немате моќ како што велите. Власта во Ерменија е во рацете на народот“.

Пашинијан бил пресретанат од маскирани полицајци, додека предводел марш на неколку стотици поддржувачи во јужниот град Еребуни.

Полицијата употребила шок бомби за да го спречи маршот.

Полицијата подоцна се обиде да ги растера толпите собрани во различни делови на Ереван при што дојде и до судири.

Во исто време беа притворени и двајца други пратеници.

Во досегашните неколкудневни масовни протести се упасени повеќе од 230 демонстранти.

Тие го обвинуваат 63 годишниот Саркисијан дека ја присвојува власта откако парламентот го назначи за премиер по 10 години на функцијата шеф на државата.

Инаку, ова е најголемата политичка криза во изминативе десет години во Ерменија.

Протестите, иако мирни досега, се закануваат да го дестабилизираат клучниот руски сојузник во нестабилниот регион поради долгиот конфликт помеѓу Ерменија и Азербејџан.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG