Достапни линкови

За Мицкоски исправна е одлуката на Иванов за договорот за името


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави денеска дека неговата партија смета оти одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да не го потпише Законот за ратификација на договорот за спорот со името меѓу Македонија и Грција е исправна, водена од потребата на заштита на Уставот и државата, и оти за тоа има и сериозни правни аргументи. Тој најави бојкот и на следната седница на која повторно ќе се расправа за договорот, а го повтори и ставот дека нема да поддржат уставни измени со цел промена на уставното име.

„Претседателот Иванов има сериозни и силни аргументи за неговата постапка. Стоиме позади неговата одлука и ја поддржуваме бидејќи сите избрани функционери дале заклетва дека ќе ги почитуваат и штитат Уставот и законите, а тој тоа и го прави“, рече Мицкоски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ го охрабрува македонскиот претседател да опстои на оваа политика, бидејќи, рече станува збор за капитулантски договор на Владата.

XS
SM
MD
LG