Достапни линкови

Холандија забрани носење на бурка и хиџаб во државни институции


Илустрација

Холандскиот Парламент го усвои законот со кој се забранува носење на облека која го покрива лицето, вклучувајќи ги исламските превези и облеки во државни институции. Горниот дом на Парламентот го усвои законот по неговото одобрување во долниот дом во 2016 година.

Според новиот закон, се забранува било какво покривање на лицето во државни институции со цел да се осигура побезбедна средина, но критичари соопштија дека законот е со цел да се забрани носењето на бурка или хиџаб. Забраната не се однесува на покривање на лицето на улица, иако полицијата има право тоа да го побара за да го идентификува лицето.


XS
SM
MD
LG