Достапни линкови

Словенија против воените вежби на Австрија долж границата


Словенечкиот премиер во заминување, Миро Церар

Словенечкиот премиер во заминување, Миро Церар денеска изјави дека големата воена вежба на австриската полиција и војска долж границата меѓу двете земји е „донекаде провокативна".

Вежбите се дел од итните мерки за спречување на илегалната миграција. Во нив учествуваа околу 500 полицајци и 220 војници, како и воена опрема. Церар порача дека Словенија соодветно ги штити надворешните граници на Шенген зоната и дека поради тоа, воената вежба била непотребна.

XS
SM
MD
LG