Достапни линкови

Белград и Приштина имаат шест месеци да се договорат


Претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи

Беким Чолаку, советникот на косовскиот претседател Хашим Тачи, тврди дека оптимален рок за постигнување на договорот Белград - Приштина е шест до осум месеци, објави „Коха диторе".

"Сите знаеме дека е временскиот рок или рамката за постигнувањедоговор е поврзан со мандатот на институциите на ЕУ, бидејќи нови избори ќе се одржат следната година. Од практичен аспект, можеме да речеме дека оптималното време на располагање за постигнување на договор е - од шест месеци до осум месеци“, изјавил Чолаку за весникот.

XS
SM
MD
LG