Достапни линкови

Заев побарал поддршка од премиерите од ЕУ за старт на преговорите


Македонскиот премиер Зоран Заев испратил писма до премиерите на земјите членки на ЕУ со кое ги повикува да поддржат одлука за старт за пристапни преговори на Македонија со ЕУ со временска рамка на процесот, како одлука заснована на заслуги, и како одлука која е одамна заслужена, соопшти владината прес-служба.

Во писмото Заев ги известува неговите колеги од ЕУ и за постигнатиот Договор со Грција.

„Договорот претставува историска можност за надминување на спорот што ги оптоварува односите меѓу двата соседи повеќе од 25 години, и го попречуваше нашиот пат кон евро-евроатланска интеграција“, им напишал Заев на премиерите на земјите-членки на Унијата.

XS
SM
MD
LG