Достапни линкови

Каде завршуваат бебињата на малолетничките од домовите?


Васка Бајрамовска - Мустафа

Народниот правобранител спроведува посебно истражување каде завршуваат децата на малолетничките од домовите кои се пораѓаат на Гинекологија, најави денеска заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска - Мустафа.

„Истражувањето е во фаза на изработка и ќе биде јавно презентирано. Покрај прибирањето на податоците од надлежните јавни здравствени установи кадешто се вршат гинеколошки прегледи, породување или прекинување на бременоста, истовремено тимот од Одделението за заштита на правата на децата и лицата со попреченост ќе спроведен непосредни увиди во самите клиники заради проверка на податоците кои се доставени до Народниот правобранител, а ќе ги следи и информациите за текот на постапката за давање деца на посвојување“, рече Бајрамовска-Мустафа на денешната прес-конференција на која го престави Годишниот извештај на Народниот правобранител.

Таа посочи дека до Народниот правобранител не е доставена ниту една претставка за евентуални наводи за давање и барање мито за посвојување деца, но додаде дека ги следат општите состојби од нивната надлежност.

XS
SM
MD
LG