Достапни линкови

Ројтерс-Томсон: Индија е најопасното место на светот за жените


Фотографија од еден од многубројните протести на Индијките за заштита од силувања, сексуално насилство и сексуално ропство

Најопасна држава за жените е Индија, со висок ризик од сексуално насилство, вознемирување и трговија со жени, вклучително принудна работа и сексуално ропство, покажуваат резултатите од истражувањето на Фондацијата „Томсон-Ројтерс”.

Според истражувањето, во чие спроведување учествувале 550 експерти од сите области поврзани со проблемите на жените во светот, на второ и на трето место се Авганистан и Сирија, по нив на листата се Сомалија и Саудиска Арабија.

XS
SM
MD
LG