Достапни линкови

Во Тимјаник ќе се гради мал дом за деца со попреченост


Министерката Мила Царовска

Во селото Тимјаник ќе се отвори мал групен дом за деца со попреченост, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера ги посетила Неготино и селото Тимјаник, каде заедно со градоначалникот на општина Неготино, Тони Делков, се сретнала со локалните жители.

„Недоразбирањата се веќе минато, а подготовките за малиот групен дом во Тимјаник продолжуваат. Никогаш не се сомневав во хуманоста на нашите граѓани и верував дека првата несакана епизода е само недоразбирање. Драго ми е што овој пат имавме многу конструктивна дискусија и жителите дадоа поддршка на она што го правиме. Јас верувам дека Тимјаник ќе биде симбол на хуманоста на нашето општество, а жителите ќе се гордеат со тоа“, изјави Царовска.

XS
SM
MD
LG