Достапни линкови

ЕУ отвори нови поглавја со Србија и со Црна Гора


Илустрација

ЕУ денеска отвори нови поглавја во претпристапните преговори со Србија и со Црна Гора, со што двете земји уште повеќе се приближија до ЕУ. Со Србија се отворени поглавјата за рибарство, како и за финансиски и буџетски прашања, со што Белград има отворено 14 од вкупно 35 поглавја за членство во ЕУ. Со Црна Гора е отворено поглавјето за економската и монетарна политика, со што Подгорица има отворено 31 поглавја.

Србија и Црна Гора се држави на Западниот Балкан кои се најблиску до зачленување во ЕУ. Преговорите за членство вообичаено траат по неколку години.

XS
SM
MD
LG