Достапни линкови

Судењето за „Монструм“ продолжува на 5 јули


Архивска фотографија: Судење за преметот „Монструм“ во Кривичниот суд

Со гледање аудио и видео снимка во судница од испрашувањето на заштитениот сведок Хаки Азири од 7 мај 2012 година од страна на истражен судија и обвинител во Кривичниот суд заврши денешното рочиште за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство. Судењето ќе продолжи на 5-ти и 11 јули кога ќе биде сослушан загрозениот сведок.

Од видеоматеријалот се гледа дека Азири во целост го признава делото за кое се товарел и подробно опишува како се случил настанот и каде со неговото возило ги чекал обвинетите за убиството на петте лица кај Смилковско Езеро.

Тој првично на 2 мај 2012 година побарал да биде загрозен сведок, но на 7 мај истата година се премислил и поднел жалба до истражниот судија коа му била уважена. Видеоматеријалот е од испрашувањето по уважувањето на жалбата на Азири и е спроведено во присуство на неговиот адвокат Насер Рауфи.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот сè уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

XS
SM
MD
LG