Достапни линкови

Северна Кореја се откажува од традиционалниот антиамерикански протест


Пјонгјанг одлучил годинава да не се одржи традиционалниот „протест против американскиот империјализам“, со кој до сега се одбележуваше годишнината од почетокот на Корејската војна, објави Асошиејтед прес.

Ова, според коментарите, е дел од потезите на добра волја што биле договорени на историскиот самит на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во Сингапур.

Лани на овој протест на централниот плоштад во севернокорејската престолнина имаше над 100 илјади луѓе и беа издадени специјални антиамерикански поштенски марки, објави АП.

XS
SM
MD
LG