Достапни линкови

Јордан повеќе нема да прима бегалци од Сирија


Јорданските власти соопштија дека Јордан веќе нема да прима бегалци од Сирија, со образложение дека веќе нема услови за тоа.

„Јордан веќе прими премногу бегалци од Сирија и веќе тоа, едноставно, не можеме да го правиме“ рече портпаролката на јорданската влада, Џумана Гунајмат, и додаде дека Кралството Јордан соработува со САД и Русија за да ги заштити националните интереси.

Официјално Јордан згрижил 660 илјади сириски бегалци, а неофицијално, бројка на сириски бегалци во Јордан е двојно поголема.

XS
SM
MD
LG